ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Клоп: Кај Тотенхем покажавме кои сме

Ливерпул конечно ја прекина лошата серија во Премиер лигата и тоа со победа на гости кај тимот на Жозе Мурињо. Не само што беше прекинат постот, туку избраниците на Клоп одиграа навистина одлична партија.

По пет натпревари без победа во кои „Црвените“ забележаа 3 нерешени и 2 пораза, конечно тимот на Јирген Клоп одигра онака како што се очекува и го среди Тотенхем и тоа на гостувањето во Северен Лондон.

„Постигнавме голови во прав момент, преубави голови. Вистинските луѓе погодија. Сѐ излезе добро, освен излегувањето на Жоел Матип“, говори Клоп за BT Sport. Камерунскиот репрезентативец ја напушти играта на полувреме заедно со Хари Кејн по нивниот брутален судир со главите.

„Она што го видов на овој натпревар нема врска со формата, тоа е... она што сме ние. Особено добри бевме ние во вториот дел. Тоа беше јака борба и добар фудбал“.

Ливерпул поведе во последните моменти од првиот дел со голот на Роберту Фирмину, веднаш по паузата водството го дуплираше Трент Александер-Арнолд, а набрзо Пјер-Емил Хејбјерг го врати Тотенхем во игра. Во 65. минута Александер-Арнолд му асистираше на Садио Мане кој ја запечати судбината на лондонѓаните поставувајќи ги конечните 1:3.

„Не ги знам точните бројки, но освен неколку минути во првиот дел, не ми текнува Тотенхем да имаше многу посед. Цело време играа брзо и на контра напади, но ние одлично се браневме. Едноставно одлично одигравме и видов многу работи кои сакав да ги видам“, вели германскиот стратег.

„Начинот на кој игравме во офанзивата, мислам дека одлично се носевме со нивната формација. Игравме околу, игравме помеѓу, така да бевме често во и околу казнениот простор, што е многу важно. Контра пресингот беше особено добар. Последната линија одлично бранеше, високо, но не ризично високо“, објаснува тој.

Remote video URL

На натпреварот имаше и два поништени голови по интервенција на ВАР. Во 3. минута на Сон Хјон-мин поради офсајд и во 56-тата на Мохамед Салах поради играње со рака од страна на друг играч.

Со овие 3 бода Ливерпул се врати помеѓу првите четири на табелата и со 37 бода е на 4. место, 4 помалку зад лидерот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе