Кога новиот македонски фудбалски дрес ќе се најде во продажба?

Филип Здравески
/ 22.03.2023 / 13:26

Откако синоќа ФФМ ги промовираше новите дресови во кои ќе настапува македонската фудбалска репрезентација, првото прашање што многумина си го пострави беше кога фановите ќе можат си набават дрес.

За да го дознаеме одговорот на ова прашање се обративме, нормално, во Фудбалската федерација на Македонија. Одговорот е дека, за жал, дресовите во продажба ќе стигнат дури за некој месец.

„Во соработка со производителот Jako засега стигна само гарнитура за играчите за претстојните два натпревара, квалификацискиот со Малта и пријателската со Фарските Острови. Планот за пуштање на дресовите во промет е за месец јуни, кога треба да стигнат поголеми количини“, ни изјавија од ФФМ.

Во јуни Македонија прво игра дома со Украина на 16-ти, а три дена подоцна ѝ гостува на Англија.

Реакциите на фановите за новиот македонски дрес се генерално позитивни. За потсетување, фудбалерите од 2016 година настапуваа во истите дресови и беа веројатно единствената европска репрезентација која толку долго настапуваше во ист дрес.

URL

Она што дополнително сакавме да го знаеме е зошто бројките на предната страна, чие место е позиционирано точно да го заменуваат сонцето, не се во жолта боја за да личат како вистинска замена на сонцето, туку се во бела, детаљ што многумина го коментираа на социјалните мрежи.

„Бројките се во бела боја да одговараат со знакчето на производителот Jako, кое се наоѓа на градите спротивно од логото на ФФМ и кое е бело“, ни изјавија од Федерацијата. Додадоа и дека варијантата со жолти бројки е интересна, па кој знае, можеби до пуштањето во промет ќе има корекција.

Фото: ФФМ

Тагови
реклама

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе