Колекцијата „Муур“ на Тошева ќе ви покаже колку вреди модата

Александра Спасеска
/ 02.09.2020 / 13:52

Модната индустрија се најде соочена со нови предизвици во време на пандемијата – достапност и одржливост. Корона-кризата нѐ стави сите на пауза, но исто така повлече и кочница на брзата мода. Иако струењата на еколошката, етичка и одржлива мода стануваат сѐ посилен бран и навестуваат дека тоа е иднината на модата, не сите брендови го фатија тој бран. Освен оние кои ни го навестија. 

Македонската модна дизајнерка Ирина Тошева веќе подолго време работи со инкорпорирање на обновливи и природни материјали и етичко искористување на трудот во изработката на нејзините колекции. Токму како природно надополнување на нејзиното портфолио е новата колекција „Муур“ во која обединува 15 локални креативни дејци и индустрии, кои учествуваа во реализацијата на видеокампањата и промотивните фотографии за нејзина презентација.

„Oблеката не е само апстрактна претстава на креативната визија, колку и да е иновативна. Самата изработка и занаетот прават таа да заживее, како израз на човечката опиплива и извонредна креативност. ‘Муур’ е прослава на сè она во што верувам. Отпечаток, жиг на едно време“, истакнува Тошева.

Во составот на моделите се застапени текстурирани еколошки материјали во природни тонови, како што се рустичниот памучен жакард, конопот и јутата проткаени со сирова свила, муслин од органски коноп и лен со European Flax® сертификат. За првпат дизајнерката работи со макраме - древна техника на рачно врзување јазли. Чевлите, пак, произведени се од пресувана плута во соработка со брендот Schuster.

Секое од парчињата има посебна приказна, деликатно поврзувајќи ги минатото и сегашноста. Налик на „муур“ за старо-новото време.

„Беше вистински предизвик да се работи макрамето и да се пронајдат соодветните материјали за работа. Идеи имавме многу, се пробуваа многу варијанти, некои не беа практични, други беа неизводливи. Белиот (полу)фустан се работеше околу месец дена. Интересен факт е дека едно квадратче од него што е со димензии 5 на 6 сантиметри е создадено од дури 526 јазли“, објаснува Тошева за Kajgana.com.

Ова само покажува дека е крајно време да направиме чекор наназад и да ја погледнеме целата слика кога одбираме како ние како потрошувачи одлучуваме каде ќе се насочи модната индустрија, дека треба да одбираме квалитетни парчиња облека од материјали кои се здрави за нас и за животната средина, за кои сите учесници во производствениот процес биле етички третирани и соодветно платени и ценети, дека квалитетот мора да се издигне над квантитетот и да остане како трајна вредност.

Во насока на фаќање на бранот на новото време, Тошева исто така ја освежи и веб-страницата, заедно со Moonwise, каде може подетално да се погледне и нарача колекцијата или закаже термин за посета на ателјето на дизајнерката. 

Проектот поврзува 15 локални креативни дејци и индустрии, како стимул за раздвижување на културната сцена, взаемна поддршка и соработка и презентација на талентот кој нè опкружува. Заштитно лице на кампањата е моделот Надја Миланова од модната агенција „Подиум“. На триминутното промотивно видео работеа режисерката Ана Алексовска и Владимир Димоски како директор на фотографија. Двоецот асистенти на камера го сочинуваа Марјан Петковски и Антонио Станков, а Искра Младеновска асистираше на сетот.

„Колекцијата потекнува од место на прагматизам, со ограничените ресурси што ги имавме на располагање, а, во суштина, токму ограничувањата ни дадоа поостар фокус во сите аспекти. Видеото и едиторијалот се снимени на две монументални, но по малку заборавени локации во градот. Ги одбрав скопскиот Аквадукт и тврдината Кале со цел да се разбуди колективната свест за зачувување на нашето културно-историско наследство“, вели дизајнерката.

Автори на наменски создадената музичка тема за видеото се Katerinha, македонска артистка која живее и работи во Берлин, заедно со продуцентот Антоние Весковски. Имиња за кои допрва надалеку ќе слушаме.

Фотографиите за едиторијалот се одново дело на Александра Костадиновска, графичкиот дизајн е на Кристина Манчева, за шминката беше задолжен Виктор Мирчевски, додека за фризурата Дарко Петковски од студиото Hairhouse.

Со секое купено парче облека од „Муур“ ќе се засади дрво именувано според купувачот, и тоа на различни локации во државата благодарение на партнерската соработка со Трибенкс.

Колекцијата е дел од поддржаните проекти од Национален интерес за 2020 година од Министерство за култура и проект од локален интерес во културата на Град Скопје за 2020 година.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе