Колкави отприемнини добија отпуштените од технолошките гиганти?

Во првите три недели од 2023 година, над 100.000 работници во технолошки компании беа отпуштени.

Иако светот беше во вонредна состојба, технолошките компании постигнаа рекордни профити за време на пандемијата. За да успеат да се справат со огромната побарувачка на потрошувачите, овие гиганти мораа да ангажираат дополнителна работна сила. Меѓутоа, бидејќи побарувачката опадна поради нормализацијата на ситуацијата со корона вирусот, а глобалната економска криза ги принуди потрошувачите да ги насочуваат своите средства сè повеќе во неопходните потреби, компаниите сега се принудени да делат откази на голем број работници. Дали се запрашавте колкава отпремнина добија овие работници?

Само во првите три недели од оваа година, над 100.000 работници во големите технолошки фирми ги загубија своите работни места, а извештајот составен од CNBC ги открива различните пакети за отпремнини што ќе ги добијат погодените работници.

Отпремнина во Google

Alphabet, матичната компанија на која ѝ припаѓа Google, во петокот објави дека отпушта околу 12.000 вработени, или околу 6% од својата глобална работна сила. Поднесување до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) открива дека отпуштените работници ќе добијат отпремнина во износ од плата за 16 недели, плус две недели за секоја година што биле во компанијата. Дополнително, добиваат бонуси за изминатата година, платен годишен одмор и шест месеци здравствено осигурување.

Отпремнина во Amazon

На почетокот на годината, Amazon ги потврди плановите за отпуштање на рекордна бројка од 18.000 работници, што претставува околу 1,2% од вкупниот број вработени. Amazon работи ширум светот, но има достапни податоци само за отпремнините на американските работници. Вработените кои ќе бидат отпуштени се информираат за ова 60 дена однапред, а на нив останува да одлучат дали ќе продолжат да доаѓаат на работа во тој период бидејќи фирмата сигурно ќе им ги исплати тие денови. Amazon ќе понуди и отпремнина во висина од платата за неколку недели, фиксна исплата за раскинување на договорот, здравствени придобивки, како и помош при барање нова работа.

Отприемнина во Meta

Извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, минатата година отпушти 11.000 вработени, што е околу 13% од вкупната работна сила. На отпуштените работници им беше ветена отпремнина во висина од плата за 16 недели, како дополнителни две недели за секоја година помината во компанијата. Meta, исто така, рече дека ќе ги покрие трошоците за здравствено осигурување за шест месеци, како и ќе обезбеди поддршка за имиграција за оние кои имаат работна виза.

Отпремнина во Twitter

Новиот сопственик на Twitter, Илон Маск, планираше да им ја покаже вратата на половина од вработените по купувањето. Сепак, бројката на луѓе кои заминале од Twitter е многу поголема, бидејќи многу вработени сами си дале отказ, не прифаќајќи ја новата „тврдокорна“ работна политика. Маск подоцна изјави дека на сите работници кои ја напуштиле компанијата им била понудена отпремнина во висина од плата за три месеци работа.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе