Комисијата за заразни болести ќе одлучува за граничниот режим со Србија и Косово

Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството.

– Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија, велат од Министерството за здравство.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека одлуката за евентулано затворање на границите, нема да биде политичка, бидејќи клучен критериум е епидемиолошката слика.

– Прашањето за отворање или затворање на границите нема политика, клучен критериум е епидемиолошката слика. Клучен критериум за ЕУ е блиску до или под 20 нови COVID-19 случаи регистрирани во последните 14 дена на 100 илјади жители, изјави министерот Димитров.

Клучното во ова се, посочи Димитров, е дека колку повеќе се придржуваме до мерките – носење маска и држење дистанца, толку ќе биде подобра епидемиолошката слика и толку побрзо ќе ни бидат отворени сите граници.

Прашан дали ќе преземеме реципроцитетни мерки со отворање или затворање на границите, Димитров, рече дека министерот за здравство Венко Филипче и кризниот штаб на Владата дневно ја следат состојбата во сите земји и врз основа на препораките од епидемиолозите ќе ги носат и одлуките.

Според последните податоци, во Србија изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи на коронавирус, а шест лица починале. Тестирани се 9.013 лица, а на респиратори имало 81 пациент. Така, вкупниот број жртви се искачи на 287, а бројот на активни случаи се искачи на 1.996.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе