Комшиќ: Ако Додик не го спречат странците, ние ќе го спречиме

Актуелниот претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, изјави дека доколку странците не го спречат српскиот член на тоа трипартитно тело, Милорад Додик, кого го нарекува „разбојник“, нема да има друг избор освен да го спречат сами.

Комшиќ тоа го кажа во интервју за Radio Sarajevo и додаде дека Босна и Херцеговина „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата“.

„Не треба да се споменува за кого се работи, ќе се пронајдат. Но, и покрај сите напади на Босна и Херцеговина, таа преживеа и ќе опстане“, изјави Комшиќ, додавајќи дека не се сомнева дека, како што вели, „ќе направиме сѐ во таа смисла“.

„Веќе ни се случи сето најлошо што можеше да ѝ се случи на една земја и нејзините граѓани, од агресија, геноцид и злосторства што историјата на човештвото не ги памети. Државните непријатели го убија стравот во нас и на тоа треба да размислуваме ако повторно насилно ги нападнат нашата држава и граѓаните“, рече Комшиќ.

Тој изјави дека стравот не парализира, освен неколкумина кои својата лична удобност сакаат да ја претстават како рамнодушност на народот кон судбината на државата.

„Странците, без разлика дали се наши пријатели или непријатели, мора да го знаат тоа. Со разбојник нема да преговараме за постоење институции чие формирање е извршено согласно Уставот и законот во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина. Сум кажал еднаш и ќе кажам уште еднаш: подобро е странците да го запрат Додик отколку ние да го спречиме“.

„Ако не го спречат тие, нема да имаме друг избор освен самите да го спречиме. Тој го ризикуваше мирот во регионот и Европа. Нема да се коцкаме со нашата земја“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе