КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Кошаркарите во барабанот 7 во жрепката за ЕвроБаскетот 2025

Македонската кошаркарска репрезентација се најде во седмиот барабан за утрешната жрепка за квалификациските групи за пласман на ЕвроБаскетот 2025.

ФИБА денеска ги објави осумте барабани и ја стави Македонија заедно со Велика Британија, Исланд и Шведска, репрезентации со кои нема да може да се падне.

Иако има дури 8 барабани, жребувањето ќе функционира како да се четири бидејќи ќе се влечат 8 групи, секоја со по 4 репрезентации. Така, четирите групи А, Ц, Е и Х ќе ги сочинуваат репрезентации од барабаните 1, 4, 5 и 8, додека останатите четири групи Б, Д, Ф и Х барабаните 2, 3, 6 и 7. Тоа значи дека Македонија ќе добие по еден противник од барабаните 2, 3 и 6.

Барабан 1: Шпанија, Франција, Србија, Словенија
Барабан 2: Литванија, Грција, Италија, Германија
Барабан 3: Чешка, Полска, Турција, Црна Гора
Барабан 4: Финска, Хрватска, Украина, Латвија
Барабан 5: Белгија, Грузија, Израел, Босна и Херцеговина
Барабан 6: Унгарија, Естонија, Холандија, Бугарија
Барабан 7: Велика Британија, Исланд, Шведска, Македонија
Барабан 8: Португалија, Данска, Словачка, Кипар

Пласман на завршницата ќе изборат трите највисокопласирани репрезентации од секоја група, освен групите во кои влегуваат кодомаќините на ЕвроБаскетот - Кипар, Финска, Полска и Латвија. Во групите кои ги содржат нациите домаќини, домаќинот и двете други највисоко пласирани селекции ќе се квалификуваат на ЕвроБаскетот 2025. Најмногу една земја-домаќин може да биде извлечена во една група.

Жрепката ќе се одржи утре во Минхен, Германија, од 11:30 часот. Директен пренос ќе има на YouTube каналот на ФИБА.

Remote video URL

Квалификациските натпревари ќе се играат во три прозорци и тоа 19-24 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025. Секоја репрезентација ќе игра по два натпревара во еден прозорец.

реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе