ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Костарика е последниот патник на Мундијалот во Катар

Костариканците ја совладаа репрезентацијата на Нов Зеланд со минимални 1:0 во баражот за пласман на Мундијалот и станаа 32. селекција која обезбеди пласман во Катар.

Натпреварот се одигра на стадионот „Ахмед бин Али“ во градот Ал Рајан во Катар каде ќе се играат и натпреварите од Светското првенство. Костарика во овој интерконинентален бараж стигна како четвртопласирана од зоната на Северна и Централна Америка, додека Нов Зеланд како победник на квалификациите во Океанија.

Решавачкиот гол беше постигнат уште во 3. минута, а стрелец беше фудбалерот на мексиканскиот Монтереј, Џоел Кембел, на асистенција на Џевисон Бенет, кој само неколку часа подоцна го прослави својот 18-ти роденден.

Нов Зеланд израмни во 39. минута преку Крис Вудс, зимското засилување на Њукасл, но ВАР го поништи голот поради прекршок. До крајот не успеаја да постигнат гол, а од 69. минута играа и со играч помалку поради исклучувањето на Коста Барбарусес.

Remote video URL

За Костарика ова ќе биде трето последователно учество на Светските првенства, или вкупно шесто (1990, 2002, 2006, 2014, 2018 и 2022). Ќе игра во групата Е со Шпанија, Германија и Јапонија. Новозеланѓаните го бркаа своето трето учество откако претходно учествуваа на Мундијалите во 1982 и 2010.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември годинава.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе