Талентираното 20-годишно крило наместо во Арсенал заврши во Лајпциг откако денеска германскиот клуб се пофали со неговиот потпис.
Доминик Собослаи за сума од 25 милиони евра е нов играч на бундеслигашот Лајпциг оставајќи го Арсенал без планираното унгарско засилување.
Унгарецот ги освои симпатиите на Стариот континент со одличните игра за австриски Салцбург, но и во репрезентацијата на Унгарија. Родум од Секесфехервар, тој кариерата ја почна во Видеотон на шестгодишна возраст, но сениорски фудбал заигра во австрискиот Лиферинг каде како младинец се префрли од МТК од Будимпешта.
Покрај Арсенал, Унгарецот беше на радарот и на Реал Мадрид и на Баерн. На крајот заврши во Лајпциг, веројатно поради блискоста на Лајпциг и Салцбург. Имено, двата клуба се во сопственост на компанијата Red Bull.
Собослаи се обврза на 5 и пол годишна верност со бундеслигашот за кого ќе има право на настап од јануари. Тој веќе е во Лајпциг каде се запознава со своите нови соиграчи.