Лансиран Android 14: Што е ново?

За почеток, Android 14 е достапен на телефоните Pixel, а до крајот на годината треба да го видиме и на уреди од други производители.

На настанот Made By Google 2023, покрај телефоните Google Pixel 8 и Pixel 8 Pro, технолошкиот гигант официјално го промовираше најновиот Android оперативен систем - Android 14. Очекувано, новиот ОС не носи драстични промени, но нуди некои многу интересни опции за прилагодување, безбедност и пристапност.

Први на кои ќе им биде достапен Android 14 се сопственици на Google Pixel телефони (Pixel 4a 5G и понови), а Google вели дека новиот оперативен систем ќе имаме можност да го видиме до крајот на годината на Samsung, Xiaomi, vivo, realme, TECNO, Sony, Sharp, Nothing, OnePlus и Oppo уредите.

Android 14 значително ги проширува можностите за приспособување на почетниот и заклучениот екран. На пример, корисниците сега можат да поставуваат монохроматски теми, но и кратенки за апликации на заклучениот екран, со цел побрзо да им пристапат. Исто така, постои можност за полесно менување на сликата на позадината, а сопствениците на еден од моделите од серијата Google Pixel 8 ќе можат да користат вештачка интелигенција за да креираат нови врз основа на само една реченица - слично на софтверот DALL-E. Вештачката интелигенција исто така ќе може да го преуреди екранот на различни начини за да се прилагоди на различни ситуации, како што е зголемување на виџетот за временска прогноза за време на бура.

Remote video URL

На безбедносен план, Android 14 нуди уште поголема контрола врз споделувањето на информациите од апликациите. Корисниците ќе добиваат јасни известувања кога апликациите бараат работи како локација и кога тие информации се споделуваат со трето лице. За да ја подобри безбедноста на уредот, Google сега бара поставување на шестцифрен PIN број, а по точниот внес, повеќе нема да биде потребно да се потврдува PIN со притискање на „Enter“.

Кога станува збор за пристапноста, новиот оперативен систем носи поддршка за оние кои имаат проблеми со видот или слухот. Корисниците сега можат да го зголемат само делот од екранот што сакаат да го прочитаат, а менувањето на големината на фонтот стана побрзо и полесно. Дополнително, за оние кои не слушаат известувања, додадена е можност за трепкање на екранот и блицот.

Конечно, функцијата што најмногу ја очекуваме е можноста да го користиме телефонот како веб-камера на компјутерите со Windows, Mac и ChromeOS. Иако оваа функција е достапна преку различни апликации од трети страни, корисниците долго време бараат таа да се појавува на ниво на оперативен систем. За жал, оваа функција нема да работи безжично, туку преку USB-кабел и нема да биде веднаш достапна. Сепак, Google ветува дека ќе дојде наскоро.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе