ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Лазаров и Митревски: Имаме шанси против Аргентина

По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

– Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути, изјави селекторот Кирил Лазаров на денешната средба со новинарите во Краков.

Рече дека доколку сакаме да славиме, мора да бидеме сконцентрирани.

– Треба да учиме од грешките, имаме многу простор за напредок. Доколку сакаме да славиме, мора да бидеме сконцентрирани и фокусирани, да се обидеме да играме без голема емоција, едноставно да научиме да победуваме. Се надевам ќе бидеме комплетни, иако ситуацијата со Томи Јагуриновски не е сјајна, рече Лазаров.

Оптимистички расположен пред утрешниот дуел е и голманот Никола Митревски, кој истакна дека клучно ќе биде македонските ракометари да го намалат бројот на технички грешки.

– Со Аргентина сметам дека имаме реални шанси да победиме. Како и секогаш, и кога сме имале добри или лоши натпревари, голманите зависат од одбраната. Без силна одбрана, ти можеш да имаш и 15 интервенции, а тоа е бадијала. Се надевам ќе бидеме сконцентрирани, прелесно паѓавме, со една грешка или загубена топка. Доколку го избришеме тоа во нашата игра, имаме шанса да се носиме со посилни од нас. Сите играат брзо, трчаат тие, а трчаме и ние. Кој ќе направи помалку грешки, тој ќе победи, истакна Митревски.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе