Лажна пита со бело месо и кашкавал

За помалку од 20 минути направете фантастично јадење кое освојува на прв залак.

За појадок, ручек или вечера направете ја оваа извонредна лажна пита со бело месо, тврд кашкавал и домати.

Ако сте љубител на пити или омлет, во тој случај овој рецепт дефинитивно ќе ви се допадне. Ова е нешто помеѓу две јадења, а не можеме да го наречеме пита бидејќи нема ниту корки ниту тесто. А, не и ни баш омлет, но затоа ќе биде највкусното нешто што сте го пробале. Го нарековме лажна пита.

Се прави од бело месо кое се прелива со јајца кои претходно се матат со крем сир, а потоа се посипува со рендан кашкавал кој при печењето се топи и растегнува при секој залак.

Уживајте во ова преубаво јадење кое лесно и брзо се подготвува.

Потребни состојки:
  • 1 пилешко филе
  • 2 лажици путер
  • 3 јајца
  • ½ лажичка оригано
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица крем сир
  • 50 мл јогурт
  • магдонос
  • 2 домата
  • 100 гр тврд кашкавал
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Белото месо исечете го на коцки и пропржете го на растопен путер. Посолете и побиберете. Јајцата посолете ги и побиберете ги, нафрлете оригано и изматете. Додадете брашно и продолжете да матите. Додадете крем сир и сѐ добро соединете со миксер или маталка. Додадете сечкан магдонос, турете јогурт и промешајте, па прелијте над белото месо. Доматите исечкајте ги на кругови, на наредете ги на врвот. Сето тоа посипете го со рендан кашкавал, па поклопете. По 10 минути јадењето е готово и подготвено за сервирање.

Или, следете ги постапките на видеото:

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе