Легендарниот Citroën 2CV може да се користи и како кампер

Моделот 2CV на Citroën уште еднаш импресионираше со својата практичност благодарение на еден сопственик од Швајцарија.

Иако се смета за легенда во автомобилскиот свет, Citroën 2CV понекогаш е мета на потсмев поради изгледот, застарената конструкција и „архаичните“ перформанси на патиштата, но сепак е автомобил кој е продаден во повеќе од 5 милиони примероци, што им помогна на Французите да се „вратат на тркала“ по Втората светска војна, а Citroën да се најде на мапата на сериозните производители на автомобили.

Има и такви што многу го сакаат 2CV и прават сѐ за да ја зачуваат историјата на овој легендарен француски автомобил, а некои го користат на начин што претходно беше незамислив. Меѓу нив е и Бернд, харизматичен сопственик на модел 2CV од Швајцарија, кој го поседува и вози овој автомобил „претворен“ во кампер. Иако сè изгледа едноставно, сепак е практично.

Како што може да се види на клипот, автомобилот долг 3,86 метри сепак нуди простор за поголем кревет, но дополнителен дел е прикачен на задниот крај за да се направи простор за нозете. Истата метална кутија служи и како камп кујна опремена со двоен горилник и основни потреби.

Приватноста ја обезбедуваат завесите, додека „најголемиот“ багажен простор е под задното седиште, но за многу малку работи.

Нема детали за моторот, но сопственикот рече дека се работи за модел 2CV Special кој е произведен во 80-тите години на минатиот век. Тој модел го придвижуваше мотор со воздушно ладење од 602 кубика кој произведуваше 29 КС, а целата сила се испраќаше на предните тркала преку 4-степен мануелен менувач.

Remote video URL

Citroën 2CV отсекогаш бил економичен автомобил и го претставувал францускиот еквивалент на Буба на Volkswagen. Сепак, во изминатите години неговите цени се зголемија и се движат од 5.000, па до 40.000 долари за специјални модели.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе