ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Ливерпул дочека, по 30 години стана шампион на Англија

Благодарение на синоќешната победа на Челси над Манчестер Сити, Ливерпул математички ја освои титулата, прва по 1990 година.

Челси му направи услуга на својот лут ривал и му овозможи на 7 кола до крајот на мир да ја прослави долгоочекуваната  титула.

Синоќа на „Стемфорд Бриџ“ падна Манчестер Сити, кој и онака тешко дека ќе го стигнеше Ливерпул, но коло за коло ја одложуваше прославата на „Црвените“.

Со одличниот гол на американскиот виртуоз Кристијан Пулишич домаќините поведоа на радост на навивачите на Ливерпул кои покрај малите екрани со нетрпение го следеа натпреварот.

Во 55. минута Кевин Де Брујне изведе прецизен слободен удар оставајќи го Кепа Арисабалага без шанса со што израмни на 1:1 најавувајќи ново одложување на прославата на Ливерпул.

Сепак, радоста на Челси и на Ливерпул стигна во 78. минута кога Вилијан од белата точка го совлада Едерсон. Пеналот го предизвика Фернанџињу кој со рака спречи чист гол и за тој потег заработи директен црвен картон.

Ливерпул со 23 бодовна предност на 7 кола до крајот и математички е шампион. Конечно, првпат по сезоната 1989/90 „Црвените“ се шампиони, освојувајќи ја титулата број 19. Сезонава и тоа како заслужено.

Од друга страна,. Челси синоќа не се потеше бадијала. „Сините“ играа првенствено за себе бидејќи се борат да го задржат 4. место на табелата кое води во Лигата на шампионите. Благодарение на оваа тешка победа Челси сега им бега 5 бодови на Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе