Луѓето не знаат што да прават со нилските коњи на Пабло Ескобар

Кога беше на врвот на моќта нарко-босот Пабло Ескобар набави нилски коњи за неговата приватна зоолошка градина во Колумбија. Четири децении подоцна, џиновските животни слободно се размножуваат, но никој не знае што да прави со нив.

Во 80-тите и 90-тите години на минатиот век Ескобар направи зоолошка на неговиот ранч меѓу Меделин и Богота. Тој беше убиен во 1993 година, а ранчот е напуштен. Некои од егзотичните животни како зебрите беа преселени во други зоолошки, но немаше место за агресивните и тешки нилски коњи.

Ветеринарот Карлос Валдерама за себе може да каже дека е првиот човек во светот кој кастрирал див нилски коњ. Сето ова се случува во Колумбија, илјадници километри далеку од Африка, татковината на нилските коњи. Видовите кои човекот ќе ги насели таму каде што не им е местото можат да ги загрозат природните системи, но и луѓето.

Сега никој не знае што да прави со нилските коњи. Локалната власт вели дека на слобода се меѓу 65 и 80 нилски коњи. За десет години би можеле да бидат дури и 150, бидејќи добро им е во Колумбија и се размножуваат без проблеми.

Дури и во Африка нилските коњи немаат природни непријатели. Во Колумбија најопасни диви животни се јагуарите, но тие немаат шанси против нилските коњи. Проблем се за луѓето, локалните рибари се жалат дека нилските коњи не им даваат да пријдат до водата, а селаните велат дека им ги убиваат домашните животни. Блиските села се во паника.

Џонатан Шеран е биолог од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего. Тој го истражи влијанието на нилските коњи врз природата во Колумбија и вели дека овие животни произведуваат премногу од сè – од измет па до останати супстанци.

Зоолошките не ги сакаат нилските коњи бидејќи се претешки, чинат премногу и заземаат простор. Нивниот транспорт во Африка не е реална опција, бидејќи африканските земји одбиваат увоз поради можни зарази.

URL

Останува масовното убивање животни. Но, луѓето се против тоа. Во 2009 година војската мораше да убие еден агресивен нилски коњ, па следеа јавни протести. Валдерама вели дека сите мислат дека овие животни се симпатични како од цртаните филмови, но локалните сточари не се баш одушевени од нивните соседи.

Според Давид Ечевари, идеално решение би било резерват за овие животни во кој би се спроведувала ефективна контрола на размножување, но за тоа е потребна меѓународна финансиска поддршка. Засега оваа опција е во мирување поради затворените граници од пандемијата со COVID-19.

Во меѓувреме, наследството од Ескобар без проблеми се размножува.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе