Играта „Fortnite“ станува побогата за уште една голема ѕвезда, а тоа е седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

Станува збор за скин од колекцијата „Icon Series“, во која претходно се појавија кошаркарот Леброн Џејмс, фудбалерот Нејмар и пејачката Аријана Гранде.
„Fortnite“ сега се здружува со Хамилтон кој се појавува во две верзии во игрицата кои одговараат на неговиот храбар и авантуристички стил.
Британскиот возач во трејлерот за скинот се појави во неговата карактеристична облека, додека беџовите на Мерцедес никаде ги нема. Заедно со ликот на Хамилтон е и неговото куче Роско, кое е исклучително популарно на Instagram, каде има речиси милион обожаватели.
