Луксузните автомобили на Роналдо се селат од Торино - дали тој е следен?

Кристијано Роналдо (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во Јувентус.

За ова во последниве недели се повеќе се пишуваше и зборуваше од сигурни извори, а од Италија доаѓаат вести кои ја поддржуваат оваа теза.

Имено, синоќа во Торино беше снимено како скапите автомобили на легендарниот фудбалер се товарат во специјални камиони, по што тие заминаа во непознат правец.

URL

Роналдо е познат колекционер на луксузни автомобили, а својата колекција ја донесе од Мадрид во Торино кога во летото 2018 го смени Реал со Јувентус, со обештетување од 120 милиони евра.

Фудбалерот поседува два автомобили Bugatti, еден McLaren Senna, Ferrari F12 TDF, Mercedes Class G Brabus, а минатата недела купи Ferrari Monza SP2 за 1,6 милиони евра. Неговите автомобили вредат околу 7,5 милиони евра.

Досега тој одигра 132 натпревари за Јувентус и постигна 101 гол, последниот за победата над Интер (3:2) викендов, со која Јувентус ја задржа шансата да се пласира во Лигата на шампионите на едно коло пред крајот.

Сепак, Јувентус го загуби Скудетото оваа сезона, по девет последователни титули. Му го предаде на Интер. Покрај тоа, „Старата дама“ рано испадна од Лигата на шампионите, каде сега е неизвесен пласманот.

Поради сето ова, се очекува заминување на тренерот Андреа Пирло, како и обнова на тимот што би подразбирала заминување на ветеранот и најскап играч, кого Јувентус го плаќа 30 милиони евра по сезона.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе