ЦЕВ ЕУРО 2023

Македонија е еден од домаќините на ЕП – Главна цел е пласман во втората фаза

Вчера со убедливата победа на Италија над Белгија, бранителите на трофејот го отворија Европското првенсто во одбојка. Континеталниот шампионат се игра во четири држави, покрај во Италија, Бугарија и Израел една од групите ќе се игра во Скопје.

Публиката во Скопје покрај нашата репрезентација ќе има можност да ја види моќната Полска. Полјаците се актуелни светски вицешампиони и актуелни шампиони во Лигата на нации. Имаат на располагање многу квалитетен состав и без двоумење се стремат кон највисок пласман. Во групата Ц никој не треба да им прави проблеми во потрагата по првата позиција. На последните две европски првенства освоија бронза, а последен пат злато освоија во 2009 година во Турција.

Холанѓаните би можеле да бидат тимот што ќе дојде од второто место. Пред две години на ЕП беа петти.

Нема голема разлика меѓу останатите четири селекции во групата, за третото и четвртото место и место во осминафиналето ќе се борат Македонија, Црна Гора, Чешка и Данска.

Селекторот Јошко Миленковски претпладнево на средба со новинарите во Скопје порача дека одбојкарите ќе го дадат својот максимум на теренот и апелираше за голема поддршка од трибините.

„Ова е најголем настан на наше почва и можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Со нашата желба, мотивација и борбеност сакаме да постигнеме што повеќе, поточно пласман во следниот круг. Макотрпно работевме, но не зависи само од нас, зависи и од противниците. За да постигнеме добри резултати потребна ни е поддршка од сите страни, пред сè од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме сè за да се пласираме во втората фаза“, рече Миленковски.

 

На настанот организиран од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) и НЛБ банка, своите очекувања ги изнесе и капитенот Никола Ѓорѓиев.

„Групата е доста тешка, прв фаворит е Полска, а тука се Холандија и Чешка, па Данска и Црна Гора кои се на наше ниво. Утре за нас е голем ден, мора да влеземе малку позрело за разлика од претходните две европски првенства. Се надевам дека ќе бидеме мудри и ќе имаме трпение, заедно со цела Македонија ќе успееме да се радуваме на убава победа. Можам да ветам дека ќе дадеме сѐ од себе и се надевам дека утре ќе успееме да ве израдуваме“, порача Ѓорѓиев.

Македонија, утре од 20 часот ќе го одигра првиот натпревар, противник на избраниците на Јошко Миленковски ќе им биде Данска.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе