ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Манчестер денеска ќе понуди 30 милиони за Роналдо

Манчестер Сити денеска ќе му достави понуда на Јувентус од 30 милиони евра за португалската ѕвезда, тврди добро упатениот новинар на Sky Sport, Џанлука Ди Марцио.

Наводно, Кристијано Роналдо дефинитивно одлучил да го напушти Јувентус и побарал од торинскиот клуб да биде продаден.

Ди Марцио тврди дека „Граѓаните“ денеска ќе понудат 30 милиони евра, онолку колку што бара „Старата дама“, и Јуве ќе ја прифати понудата без проблем.

URL

И други италијански медиуми тврдат дека меѓу Португалецот и трофејниот торински клуб е завршено и само се чека официјална понуда од Сити.

Роналдо нема да биде на располагање за наредниов натпревар, а неговиот менаџер Жорже Мендеш веќе е во преговори со челниците на Сити за личните услови од договорот на својот клиент.

Од претходно беше јасно дека Јуве бара најмалку 28 милиони евра за да го пушти Роналдо. Британските медиуми додаваат дека ваквиот развој на настаните ќе значи збогување на Рахим Стерлинг со Манчестер.

URL

Од друга страна, напаѓачот Габриел Жезус ќе остане во клубот бидејќи Пеп Гуардиола инсистира тој да остане.

За потсетување, Роналдо дојде во Јуве летото 2018 година од редовите на Реал Мадрид за 100 милиони евра. Во црно-белиот дрес досега одигра вкупно 134 натпревари на кои постигна 101 гол.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе