Манчини: Некогаш ќе освојам Светско со Италија

Селекторот кој не успеа ниту да ја пласира Италија на своето прво Светско првенство откако седи на клупата е голем оптимист дека некој ден „Аѕурите“ ќе ги искачи на светскиот фудбалски трон.

Роберто Манчини стана третиот селектот во историјата на Италија кој не успеал да ја квалификува репрезентацијата на Светско првенство. Неговото име ќе остане запишано со црни букви заедно со оние на Алфредо Фони во 1958 и Џан Пјеро Вентура во 2018. Неуспехот на Мначини е уште пошокантен ако се земе предвид дека Италија неколку месеци пред да потклекне во квалификациите стана шампион на Европа. Потоа, во март годинава, загуби и во баражот и дефинитивно вторпат по ред остана без мундијалски пласман.

„Откако станав селектор си поставил цел: да освојам ЕУРО и Мундијал. Пред една година кога рацете ги ставив на европскиот пехар, си реков: 'Сега ќе го освојам и другиот'. Нормално, мислев на Мундијалот - очигледно тоа сега неа да се случи. Но, мене и натаму во мислите ми е тој пехар, еден ден ќе го освојам со Италија“, рече тој за реноираната La Gazzetta dello Sport.

Манчини сепак откри дека во два наврата размислувал за повлекување од репрезентацијата. Првиот пат било по финалето на „Вембли“ кога со Италија го освои ЕУРО 2020, но тоа било само мисла која веднаш одлетала бидејќи почнал да го мерка Мундијалот 2022 кој поради одложувањето на ЕУРО од 2020 за 2021 година се најде на многу помала временска оддалеченост. Вториот пат многу посериозно размислувал за повлекување, а тоа било по поразот во баражот за пласман на Мундијалот во Катар од нашата Македонија.

„Повеќе бев до повлекување вториот пат: навистина се најдов во тешка ситуација. Размислував на таа тема малку и по 'Вембли', но тогаш Мундијалот беше на само нешто повеќе под година“.

Сепак остана селектор и ќе ја води Италија во походот кон одвбрана на титулата на ЕУРО 2024, а потоа, можеби и ќе атакува на Мундијалот 2026 кој ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе