Манчини: Нема ренесанса ни со три италијански клубови во ЛШ четвртфиналето

Филип Здравески
/ 20.03.2023 / 17:26

Италијанскиот селектор не е задоволен и покрај тоа што неговата земја има дури три претставници во четвртфиналето од Лигата на шампионите - разочаран е затоа што за овие клубови играат премногу странци.

„Не можам да зборувам за преродба на италијанскиот фудбал само затоа што има три наши клуба во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ќе можев доколку за Милан, Наполи и Интер играа 33 Италијанци, но со оглед на тоа што тоа не е можно, ќе бев задоволен и со половина“, коментираше Манчини на првиот ден од собирот нa „Аѕурите“ во базата Коверчано во Фиренца.

Наполи, Интер и Милан имаат големо мнозинство на странци во своите редови, па оттаму и шареноликоста на списокот на играчи кои Манчини ги повика за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2024 против Англија и Малта.

Наполи моментално има само 3 репрезентативци и тоа Алекс Мерет (резервен голман), Џовани Ди Лоренцо и Матео Политано, Милан има само 1 во Сандро Тонали, додека Интер со Матео Дармјан, Франческо Ачерби, Федерико Димарко и Николо Барела има 4.

Останатите во мартовскиот состав на Манчини доаѓаат од Јувентус, Рома, Лацио, Аталанта, Торино, Монца, Сасуоло, Лече, Кремонезе и Удинезе, а од странство има од ПСЖ, Арсенал, Вест Хем, Лидс, Фрајбург и Тигре.

Во квалификациската група на Италија е и нашата Македонија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе