Манчини: Саудиските пари не беа пресудни

Роберто Манчини доби многу критики откако во неделата ја шокираше јавноста поднесувајќи си оставка од селекторското столче во репрезентацијата на Италија, на неполн месец до септемвриските квалификациски дуели со Македонија и Украина. Денеска ги уверуваше новинарите дека нема да седне на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија, како што тврдат многу медиуми, како и дека парите не се причината зошто си заминал.

„За мене Италија секогаш била приоритет. По толку години на оваа позиција, добивам разни понуди кои ќе ги разгледам во наредните денови, но моментално нема ништо конкретно. Значи, Саудиска Арабија нека никаква врска со тоа“, изјави Манчини, пренесува римскиот дневен весник Corriere dello Sport.

Според италијанскикте и саудиските медиуми, Саудиска Арабија му понудила на Манчини тригодишен договор вреден 25 милиони евра за да застане зад кормилото на нивната репрезентцаија, која е без селектор по заминувањето на Французинот Ерве Ренард, човекот што ги водеше на Мундијалот во Катар и со кого го направија шокантниот триумф над Аргентина во првото коло.

Но, Corriere dello Sport наведува и дека Манчини има понуда од Мексико за да ја води оваа репрезентација.

За да ја објасни својата ненадејна одлука за оставка, Манчини прстот го впери во Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), која ја обвини за недоверба и за менување на неговиот стручен штаб, особено за заминувањето на неговите помошници.

„Со месеци размислував за ова и беше време да заминам, бидејќи кога некои работи, некои ситуации одвнатре се менуваат без мене, тоа значи дека одиме кон крајот“, објасни тој.

„Според мене повеќе не бевме на иста бранова должина со управата на ФИГЦ. Секогаш е подобро да се предвидат некои работи пред да се случи нешто сериозно. Тоа е одлука што ја донесов со голема тага, бидејќи се грижам за 'Аѕурите'“, уверуваше поранешниот тренер на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.

ФИГЦ веќе размислува за Антонио Конте, кој веќе ги водеше „Аѕурите“ помеѓу 2014 и 2016 година, како и за Лучано Спалети, кој со Наполи лани го освои Скудетото, како можни наследници на Манчини. Спалети, кој ја напушти функцијата предводник на Наполи, сѐ уште има договор со овој клуб, кој е подготвен да го ослободи за отштета од 3 милиони евра.

Манчини стана европски шампион со Италија освојувајќи го ЕУРО 2020 во 2021 година и стана рекордер со 37 натпревари без пораз од септември 2018 до октомври 2021. Ја водеше Италија на вкупно 61 натпревар со скор од 37 победи, 15 нерешени и 9 порази, а гол-разликата му е 123:45. Голем неуспех му беше неквалификувањето на Мундијалот 2022 во Катар.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе