Marca: Барселона е во шок, стана исплашен тим

Барселона загуби синоќа во дербито од 10. коло од Примера на гостувањето кај Атлетико со 1:0, со голот на Јаник Караско во 45. минута и веќе заостанува девет бода зад водечкиот Реал Сосиедад.

Екипата на Роналд Куман одигра слаб натпревар, особено во второто полувреме кога мораше да пристисне и да бара пресврт. Наместо тоа, токму Атлетико ја водеше играта и без поголеми проблеми го задржа водството со кое се наметна како еден од фаворитите за титулата.

Шпанските медиуми беа сериозно критички настроени кон Барселона, а Mundo Deportivo, весник кој се занимава речиси исклучиво со каталонскиот клуб, излезе со насловната страница „Скршени“.

Кризата во екипирањето на тимот во летниот преоден рок и целиот скандал со Лионел Меси имаа силно влијание врз тимот, што дури и новиот тренер Роналд Куман не може да го разбуди.

За навивачите на Барса, ова ќе биде многу долга година

„Барса беше добра на отворањето на натпреварот, но загрижувачки е што тимот не беше во можност да реагира откако прими гол. Тимот на Куман не се закани сериозно на Облак во второто полувреме, што е алармантен знак за кризата во која падна Барселона. Но, најлошото од сè е што Пике беше повреден и не е потребно да се нагласи колку тој му значи на овој тим. Играчите беа исплашени откако тој излезе, па дури и Куман не можеше да промени ништо. Во натпреварот со кој можеше да го сврти текот на сезоната, Барселона играше во голем страв“, гласи текстот на Marca.

„Барселона влезе во многу опасна состојба на шок. Играчите од кои најмногу се очекува не се на ниво. Гризман лута по теренот, Пјаниќ и Де Јонг не можеа да одиграат ниту едно додавање, а Меси не може сам. Аргентинецот е видливо потресен од сѐ што се случува околу него, но тој е и најдобар на теренот. Освен во кризата со играта, Барса е во огромни проблеми со повредите. Фати нема да се врати со месеци и сега го нема и Пике чија повреда е исто така многу сериозна. Не изгледа добро и навивачите се свесни дека ова можеше да биде многу долга година за нив“, заклучува Marca.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе