Маск ги суспендираше Twitter профилите на новинари од CNN, NYT и WaPo

Twitter синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите.

Суспендирани се профилите на репортерот на The New York Times, Рајан Мек, новинарот на The Washington Post, Дру Харвел, новинарот на CNN, Дони О'Саливен и новинарот на Mashable, Мет Бајндер. Суспендиран е и профилот на независниот новинар Арон Рупар кој известува за американската политика.

Портпаролот на NYT изјави дека суспендирањето на профилите на Twitter на голем број истакнати новинари е сомнително и несреќно и оти тие не добиле никакво објаснување зошто тоа се случило.

CNN соопшти дека суспензиите се загрижувачки, но не и изненадувачки, побара објаснување и додаде дека ќе го преиспита својот однос со платформата врз основа на одговорот.

Twitter, исто така, суспендираше профил кој го следи приватниот авион на Маск во реално време користејќи податоци достапни во јавниот домен. Маск се закани со правна постапка против операторот на профилот поради загрозување на семејството.

Тој, исто така, го суспендираше официјалниот профил на социјалната мрежа Mastodon, која се појави како алтернатива на Twitter откако Маск го купи.

Суспензиите доаѓаат откако Маск повеќепати вети дека ќе ја поддржи апсолутната слобода на говор на платформата што ја купи за 44 милијарди долари во октомври. Тој го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше суспендиран од Twitter поради неговите постапки поврзани со нападот на американскиот Капитол.

Откако отпушти илјадници вработени откако беше преземен од Маск, Twitter работи со значително намален број вработени. Сега во голема мера се потпира на автоматизирање на модерирање на содржината, отстранување на одредени рачни прегледи и фаворизирање на ограничувањата на дистрибуција наместо целосно отстранување на одреден говор, изјави пред извесно време новата шефица за доверба и безбедност Ела Ирвин.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе