НБА 2023/2024

Масовна тепачка ја одбележа ноќта во НБА: Давење, 4 исклучувања и лудило на трибините

Дуелот помеѓу Мајами Хит и Њу Орлеанс Пеликанс го одбележа жестока тепачка и вистински хаос, по што четворица кошаркари беа исклучени.

Џими Батлер, Томас Брајант, Хосе Алварадо и Наџи Маршал беа исклучени по жестоката расправија на паркетот на почетокот на четвртата четвртина од мечот на Мајами со Њу Орлеанс.

Тепачката започна откако Зион Вилиамсон од Пеликанс му ја украде топката на Батлер, а Кевин Лав го фаулираше за да спречи лесно положување. Додека на Лав му беше досудена лична грешка, Вилијамсон падна на подот и Маршал втрча во знак на протест поради начинот на кој Вилиамсон беше фаулиран.

URL

На тоа реагираше Батлер и предизвика хаос. Тој и Маршал се фатија за гуша во екот на кавгата, а соиграчите и тренерите се обидуваа да ги разделат. Токму кога се чинеше дека борбата е завршена, на друго место, Брајант и Алварадо почнаа да се расправаат и да разменуваат удари, додека околу нив избувна хаос.

Емоциите се разгореа и на трибините, па навивач на Пеликанс фрлаше работи кон играчите на Мајами. Обезбедувањето веднаш го исфрли од трибините.

URL

Сите четворица кошаркари кои учествуваа во тепачката беа исклучени, а Мајами на крајот славеше победа на гостински терен од 106:95.

Да потсетиме, во ноќта зад нас се одиграа голем број дуели на НБА терените.

Никола Јокиќ го постигна вториот трипл-дабл за само 24 часа во победата на Денвер над Портланд.

Резултати:

Атланта Хокс - Торонто Репторс 121:123
Филаделфија 76ерс - Кливленд Кавалирс 104:97
Хјустон Рокитс - Феникс Санс 114:110
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Клиперс 95:101
Њу Орлеанс Пеликанс - Мајами Хит 95:106
Оклахома Сити Тандер - Вашингтон Визардс 147:106
Голден Стејт Вориорс - Шарлот Хорнетс 97:84
Минесота Тимбервулвс - Милвоки Бакс 107:112
Портланд Треил Блејзерс - Денвер Нагетс 112:127
Лос Анџелес Лејкерс - Сан Антонио Спарс 123:118

Табела:

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Кошарка

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more
 

Спорт

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе