СЕРИЈА А 2020/21

Матераци: Милан заслужува ЛШ, полош Јуве немам видено

Поранешната легенда на италијанскиот фудбал го даде своето мислење за актуелнава сезона во Серија А во која неговиот Интер е пред освојување на Скудетото.

За дневниот неаполитански весник Il Mattino, Марко Матераци даде свој осврт на сезоната во која гледа неизвесна борба за местата кои водат во Лигата на шампиони.

„Мислев дека Милан ќе падне, но тие продолжија да прават добри резултати и верувам дека заслужуваат да се квалификуваат за Лигата на шампионите“, вели популарниот Матрикс.

До крајот на сезната има уште 8 кола, а од второто до седмото место бодовната разлика е 9 бодови, што значи дека дури шест тима се борат за трите преостанати места кои водат во најдоброто европско клупско натпреварување.

„Аталанта ита со полна брзина, додека Јувентус е најлошиот кој го имам видено. Наредното коло со Наполи - Интер и Аталанта - Јувентус ќе биде одлучувачко“, смета тој.

Милан 63, Јувентус 62, Аталнта 61, Наполи 59, Лацио 55 (натпревар помалку), Рома 54 - тоа се клубовите кои сакаат пласман до четвртото место.

„И покрај сите проблеми кои ги имаат, Гатузо го воскресна тимот и ја освои Копа Италија. Тој како никогаш да не ги имаше на располагање своите напаѓачи. Да се игра без Осимнех и Мертенс прави разлика, да не зборувам за Кулибали кој се повреди, а закачи и ковид“, заврши поранешниот дефанзивец, познат по своите остри стартови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе