Мажот осомничен за исчезнувањето на Меделин Мекен се појави на суд

Кристијан Брукнер, главниот осомничен за исчезнувањето на Британката Меделин Мекен, се појави пред судот во Германија под обвинение за сексуален напад и силување во одделни случаи, пишува The Guardian.

47-годишникот се појави пред судот во Брауншвајг со голем медиумски и јавен интерес. Почетокот на судењето, со зголемено обезбедување, беше одложен поради големиот број луѓе кои се обидуваа да влезат во судницата.

Судењето потоа беше одложено по само девет минути, поради забелешките на адвокатот на Брукнер, Фридрих Филшер, кој го обвини судијата дека е пристрасен и не е способен да ги суди случаите.

Судењето на Брукнер ќе се фокусира на сексуалните престапи што тој наводно ги извршил помеѓу 2000 и 2017 година во Португалија. Обвиненијата не се поврзани со случајот Мекен, во кој тој е осомничен, но не е обвинет.

Во овој случај, тој беше обвинет по три точки од обвинението, една за силување и две за сексуална злоупотреба на деца.

Ова е прво појавување на Брукнер во јавноста откако првпат беше поврзан со случајот Мекен во 2020 година.

Се верува дека тој бил во областа каде што последен пат била видена Медeлин за време на нејзиниот летен одмор во Португалија. Меѓу 1995 и 2007 година тој живеел во Алварге, каде ограбувал хотели и продавал дрога, соопшти германската полиција.

Брукнер со години живеел во Португалија, вклучително и во одморалиштето Праја да Луз, каде тогаш тригодишната Мекен исчезна од станот во кој нејзиното семејство беше на одмор во 2007 година. Тој негираше вмешаност во нејзиното исчезнување.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе