Меѓународна потерница за првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица „9“ бр. 5, во село Волково. Тој се бара по Наредба  КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.

Ѓорѓиевски, кој е во бегство, е првоосомничен за убиството на ракометарот на РК Бутел, Денис Тот, додека на другите двајца осомничени, кои се товарат дека со нанесување на повреди на телото на Тот извршиле кривично дело „убиство“, им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Настанот се случи минатиот четврток во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по кратка вербална расправија, го нападнале сега починатиот хрватски ракометар и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите тој паднал и со задниот дел од главата удрил на асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со удирање по главата, а потоа без да му укажат помош заминале од местото на настанот.

Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што ракометарот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и според информациите од лекарите што го примиле, имал престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животнозагрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе