ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Мегваер се сели во Лондон

Хари Мегваер ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Менаџерот Ерик Тен Хаг нема доверба во некогаш најскапиот светски дефанзивец. За Мегваер нема место во составот и покрај тоа што двајцата стартери, Рафаел Варан и Лисандро Мартинес, поради повреди ја завршија сезоната.

Манчестер Јунајтед, во бунар фрли 80 милиони евра, колку што изнесуваше неговиот трансфер од Лестер во 2019 година. Дефанзивецот во ниту еден момент не успеа да се наметне и покрај тоа што поранешниот менаџер, Оле Гунар Солскјер му ја даде капитенската лента.

Изминатите две сезони, поради честите грешки, Мегваер им служи за потсмев на фудбалските фанови. Тен Хаг нема доверба во него, па поради повредите на Варан и Мартинес, во централниот дел од одбраната покрај Виктор Линделеф игра левиот бек Лук Шо.

Football Transfers, тврди дека Мегваер кариерата ќе ја продолжи во Лондон. Интерес за него покажале Вест Хем и Тотенхем. Според овој извор, Јунајтед ќе прифатат околу 45 милиони евра само за да се ослободат од Мегваер.

Вест Хем покажал серизен интерес, но прашање е дали Мегваер ќе се најде во плановите на новиот менаџер, бидејќи е извесно дека Дејвид Мојс нема да ги предводи „Чеканите“, наредната сезона.

Преселбата во Тотенхем ќе зависи од тоа дали Брендан Роџерс ќе седне на клупата на клубот од Северен Лондон.

Football Transfers, претходно објави дека Спарс сакаат да ги привлечат во главниот град играчите на Лестер, Џејмс Медисон и Јури Тилеманс, доколку нивниот поранешен тренер биде промовиран во нов тренер на Тотенхем.

Претходно за Мегваер интерес покажа и Интер кој уште зимата го запиша во листата на желби како замена за Милан Шкриниар, кој летово се сели во ПСЖ како слободен играч. Но, бидејќи за Интер опција е само позајмица, до такво нешто тешко дека ќе дојде.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе