Мекензи: Убавите жени мораат повеќе да се докажуваат во рингот

Натпреварувачката во УФЦ, Мекензи Дерн, вели дека за убавите жени кои се бават со овој спорт е многу потешко бидејќи поради нивниот изглед треба дополнително да се докажуваат во рингот.

„Секогаш мораме да се докажуваме. Гледајте кај мажите, ако борачот е убав во очите на гледачите, другите му се смеат, велат 'Не е добар'. Но за жените, не, тие велат 'Ајде да ја гледаме бидејќи е убава'. Низ такви работи минуваме, мора многу повеќе да се докажуваме“, рече Дерн при гостувањето во португалскиот подкаст на MMA Fighting’s.

Дерн откри и дека имала голем број на машки следбеници на социјалните мрежи, но бројката драстично опаднала кога објавила дека е бремена.

„Загубив 50.000 следбеници кога објавив дека сум бремена, а вкупно 80.000 до мојата наредна борба“, разочарано вели таа. Тоа докажува дека ја следат само поради нејзиниот изглед, а не поради нејзините борби.

„Бришев некои фотографии од поранешни спонзори, разни работи, и си помислив 'Ајде да видам дали луѓето кои коментирале тука сѐ уште ме следат'. Не ме следеа. Потоа гледав и други стари слики и многумина имаа коментирано работи како 'Многу си јака' и слично. Повеќето од нив денес не ме следат“, додава 28-годишната борачка.

Некои нејзини колешки, поради нивниот изглед, добија понуди да се појават разголени на платформата OnlyFans, како на пример поранешната бразилска шампионка Џесика Андраде, која и се пофали дека благодарение на таквите фотки си ги исплатила сите долгови.

„Не ги судам оние што се на OnlyFans, но тоа не е за мене. Мојот фокус е да ги претставувам жените и да го променам мислењето дека треба да се гледаат бидејќи се убави, бидејќи за мене секоја жена е убава, секоја е симпатична и секоја прикажува добра борба“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе