Меланија не избра американски дизајнер ни за нејзиниот последен ден како прва дама

На Меланија Трамп денеска ѝ е последен ден како прва дама на САД.

„Ми беше огромна чест да бидам ваша прва дама. Ви благодарам за љубовта и поддршката. Ќе останете во моите мисли и молитви. Бог нека ве благослови сите вас и вашите семејства и Бог нека ја благослови оваа прекрасна нација“, стои во писмото за збогување на Меланија, која е по потекло од Словенија, а во САД дошла да работи како модел и останала со „Ајнштајнова виза“ како „имигрант со извонредни способности“.

URL

Поранешната манекенка за која на Википедија ќе прочитате дека е и „бизнисменка“, стана прва дама кога нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше избран за 45. претседател на САД во 2016 година.

Денеска таа се збогува со Белата куќа и замина со стил – облечена во црно од глава до пети. Но, во нејзиниот моден избор не се најде ниту едно име на американски дизајнер. Напротив, таа во свој стил остана „верна“ на извиканите луксузни брендови што „гарантираат“ дека сте „жена со статус“. Меланија ни за време на мандатот на Трамп не се грижеше многу дали и како ќе ги претставува домашните дизајнери, за разлика од нејзините претходнички, особено Мишел Обама.

URL

Меланија за последниот ден како прва дама на САД избра кратко палто на францускиот бренд Chanel, фустан на италијанското дуо Dolce & Gabbana и високи потпетици на уште едно француско модно име - Christian Louboutin. Изгледот го заокружи со големи црни очила за сонце и чанта Hermès Birkin од црна крокодилска кожа.

URL
URL
URL

Продолжете да читате: Прва дама со стил: Најдобрите модни комбинации на Меланија Трамп

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Стил

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more

10 најдобро облечени на Оскарите 2024

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе