Меси има 5 добри причини да се врати во Барса

Аргентинскиот фудбалски волшебник секој ден е сѐ поблиску до враќањето во Барселона и сонот на навивачите на каталонскиот клуб наскоро би можел да стане јаве.

Потпретседателот на Барса, Рафаел Јусте потврди дека е во контакт со претставниците на Меси, тренерот Чави додаде дека разговарал со Лоионел за неговото можно враќање, а фактот што Меси се уште не го продолжил договорот со ПСЖ ја поддржува опцијата за негово враќање во Камп Ноу.

Меси не успеа да ја оствари целта во Париз - да ја освои Лигата на шампионите, но ниту неговата работа во Барселона не е завршена, а има силна причина да се врати во каталонскиот клуб.

Шпанскиот весник Mundo Deportivo наведе 5 причини поради кои Меси би можел да се врати во Барса.

Меси е рекордер на Барса во многу категории, но би можел да собори уште 5 рекорди.

Со враќањето во Барселона, Аргентинецот би можел да стане фудбалер со најмногу освоени трофеи во еден клуб. Рекордер е Рајан Гигс, кој во Манчестер Јунајтед освои 36 трофеи, а Меси е на 35 со Барселона.

Исто така, тој би можел да стане најодликуваниот играч во историјата. Меси на крајот од оваа сезона најверојатно ќе има 42 трофеја, односно три помалку од Дани Алвес.

Што се однесува до рекордите во Лигата на шампионите, Меси е втор играч по број на настапи во тоа натпреварување со 149, а рекордер е Чави со 151. Интересно, Меси би можел да го достигне рекордот под тренерската палка на Чави.

Исто така, доколку би освоил уште една Лига на шампиони со Барса би станал најодликуваниот играч на каталонскиот тим во елитното европско клупско натпреварување.

Последниот рекорд кој Mundo Deportivo го издвои е тешко остварлив, но не и невозможен. Меси би можел да стане најдобриот стрелец во историјата на шпанскиот Копа дел Реј. Рекордот со 69 гола го држи Жузеп Самитие кој играше и за Барса и за Реал, а Меси во тоа натпреварување има постигнато 56 голови, односно дури 19 помалку.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе