Меси конечно го постигна првиот гол за ПСЖ

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси го постигна првиот гол во дресот на новиот клуб, ПСЖ. Меси го одбра вистинскиот момент за да постигне погодок и да ја означи победата на ПСЖ против Манчестер Сити во дербито во Лигата на Шампиони.

„Многу сум среќен поради резултатот, но и задоволен од самиот себе. Ова беше исклучително важен натпревар за нас, особено по ремито. Прекрасно беше што го прославивме голот со нашите навивачи“, изјави Меси по натпреварот.

Од почетокот ПСЖ предводеше атомски напад (Меси, Мбапе, Нејмар), а во 74 минута блесна брзата акција со која Меси го постигна голот.

Горд на играчите беше и тренерот Маурисио Почетино кој по мечот изјави дека се исклучително среќни.

Нејмар по синоќешниот триумф над Манчестер Сити со 2 : 0 на Instagram објави фотографија од соблекувалната. На сликата се Бразилецот, Лионел Меси и Килијан Мбапе.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NJ 10 🇧🇷 (@neymarjr)

Со оваа фотографија, Нејмар ги демантира шпекулациите кои се појавија во медиумите во последно време за наводни нарушени меѓусебни односи на ѕвездите на ПСЖ.

По две кола во А-групата, ПСЖ и Клуб Бриж имаат по четири бода, Манчестер Sити е трет со три, Лајпциг е последен без освоен бод. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе