ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Меси откри како го надитрил Ливаковиќ од пенал

Лео Меси одигра брилијантна партија против Хрватска во вторникот и ја однесе Аргентина во ново мундијалско финале, а сега ја откри тајната на маестрално изведениот пенал кој хрватскиот докажан пеналџија не успеа да го одбрани.

Доминик Ливаковиќ на овој Мундијал се покажа како одличен голман. Бранеше сјајно на натпреварите, а особено се истакна во пенал-рулетот против Јапонија и Шпанија кога ги одбрани ударите на Минамино, Митома, Јошида и Родриго. И на Меси му ја прочита страната, но ударот беше толку добро изведен што беше немоќен да го одбрани.

Меси призна дека добро се подготвувал за евентуален пенал против Ливаковиќ и детално се посветил на проучување на техниката и тактиката на хрватската единица. Во тоа му помагале неговите соиграчи, голмaните Херонимо Ружи и Емилиано Мартинес.

„Со Ружи и Дибу (Мартинес, заб. на прев.) детално ја проучував техниката на хрватскиот голман, особено кога станува збор за изведувањето пенали. Веднаш сфативме дека секогаш до крај го чека играчот, односно да тој со залетот, погледот и положбата на телото му 'покаже' каде ќе шутира“, откри Меси.

Токму поради тоа шутирал високо и силно.

„Затоа сфатив дека не смее да чекам, туку да шутнам што побрзо. Сите кои против Ливаковиќ чекаат, тешко да постигнат гол. Затоа одлучив да шутнам онака како што направив, и успеав“, дополни.

URL

Аргентина в недела ќе го игра големото финале против Франција, кое е на закажано за 16 часот по македонско време.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Фудбал

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Read more

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе