Меси со шпалир пречекан во ПСЖ, Мбапе го немаше

Светскиот шампион Лионел Меси беше пречекан со шпалир во неговиот Пари Сен-Жермен откако доби пауза до Нова година поради Мундијалот во Катар.

Капитенот на Аргентина не беше во составот на клубот во првите два натпревара по паузата, а ПСЖ без него добро се намачи. Парижаните прво со гол во 90+ го победија Стразбур со 2:1, а пред некој ден загубија со 3:1 од второпласираниот Ланс. Сепак, денеска на тренинг имаше насмеани лица и среќен Меси.

Еден детаљ од тренингот на парижаните на сите им падна в око. Килијан Мбапе, францускиот репрезентативец кој играше против Меси во финалето на Светското првенство, го немаше во шпалирот. Иако Мбапе постигна три гола и беше прецизен во пенал рулетот, сепак тоа не му донесе радост на крајот од финалето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Paris Saint-Germain (@psg)

Веднаш почнаа разно-разни шпекулации зошто Мбапе не бил во шпалирот да го поздрави Меси, но вистината е сосем поинаква.

Имено, Мбапе заедно со соиграчот Ашраф Хакими од пред некој ден се наоѓаат во Њујорк каде присуствуваа и на НБА натпреварот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс (139:103). Беа сведоци на дабл-дабл учинокот на Кевин Дурент (25 поени и 11 асистенции) по што направија и фотка за спомен со НБА ѕвездата, а на подарок добија и дресови од Нетс.

Следниот натпревар на ПСЖ е на шести против третолигашот Шатору во рамките на Куп де Франс, натпревар на кој се очекува тимот да настапи со комбиниран состав. Првиот состав се враќа во акција на 11-ти кога во Париз ќе гостува фенерџијата Анжер.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе