Microsoft вети - Call of Duty за PlayStation не оди никаде

Ако бевте загрижени за иднината на франшизата Call of Duty, бидете спокојни, таа останува на платформата PlayStation.

Microsoft потврди дека нема да ја отстрани франшизата Call of Duty од платформата PlayStation доколку регулаторите дадат зелено светло за купување на Activision Blizzard. Иднината на играта беше причина за загриженост кај сопствениците на конзоли PlayStation кои се плашеа дека играта ќе стане ексклузива за Xbox и PC по купувањето.

Во новата епизода од подкастот Same Brain што заедно го водат познатите јутјубери iJustine и Џена Езарик, презентерите го прашаа Фил Спенсер, шеф на одделот за Xbox, дали аквизацијата на Activision Blizzard значи дека некои игри повеќе нема да бидат достапни на PlayStation платформата.

„Нема да ја тргнеме Call of Duty од PlayStation. Знам дека не ме прашавте тоа, но да бидеме јасни - тоа не е нашата намера", рече Спенсер. „Додека постои PlayStation на која можеме да испорачаме, нашата намера ќе биде да продолжиме да ја иапорачуваме Call of Duty - слично на она што го направивме со Minecraft кога ја купивме таа игра“.

„Ги проширивме достапните места за играње Minecraft, не ги намаливме, и добро ни оди. Тоа, според мое мислење, беше добро за заедницата на Minecraft, и сакам да го направам истото додека размислуваме каде може да оди Call of Duty во иднина“, објаснува Спенсер.

Минатата недела, покрај можното поскапување на производите на Xbox, Спенсер најави дека планира да ја донесе Call of Duty на конзолата на Nintendo Switch, како и да ја одржува играта на другите конзоли.

Најголем противник на аквизицијата на Microsoft беше Sony, кој ги вознемири регулаторите за можноста за отстранување на најпопуларната игра со пукање во светот од платформата PlayStation, но Спенсер вели дека е уверен дека ќе им биде дозволено да ја преземат оваа компанија во зделка вредна 68,7 милијарди долари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе