СЕРИЈА А 2022/2023

Милан на бизарен начин испушти победа: Во погрешно време на погрешно место

Фудбалерите на Милан и Салернитана ги поделија бодовите синоќа на „Меаца“ во 26. коло од Серија А играјќи 1:1, а натпреварот го одбележа една бизарна ситуација.

Имено, на две минути пред крајот на натпреварот Милан имаше одлична шанса по која можеше да постигне гол вреден три бода.

По еден центаршут од левата страна настана огромна гужва во шеснаесетникот на гостите, а на крајот Алесандро Флоренци ја испрати топката кон голот.

Следуваше лоша реакција на играчот на гостите, Словакот Норберт Ѓембер, но гостите на неверојатен начин ги спаси играчот на Милан, Пјер Калулу, кој падна пред гостинскиот гол и ненамерно со лактот ја сопре топката на гол-линијата. Така, конечниот резултат остана 1:1.

URL

Инаку, Милан поведе кон крајот на првото полувреме со голот на Оливје Жиру, додека Салернитана израмни откако Булај Диа го искористи додавањето на Домагој Брадариќ.

Remote video URL

По 26. коло Милан е на четвртото место во Серија А, додека Салернитана е на 16. место. Во следното коло Милан ќе гостува кај Удинезе, додека Салернитана ја пречекува Болоња.

Интересно, Милан иако важеше за огромен фаворит на овој натпревар, не успеа да победи и да ги искористи киксовите на конкурентите за да продре до второ место. Имено, ова коло киксираа сите четири екипи кои се борат за трите места кои водат во Лигата на шампионите. Низата ја почна Интер во петокот кога шокантно загуби на гостувањето кај Специја со 2:1, во саботата Лацио одигра 0:0 кај Болоња, во неделата Рома загуби дома од Сасуоло со 3:4, а синоќа завесата ја спушти Милан.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе