Изненадувањето во Калчото сезонава и натаму љубоморно го чува врвот откако синоќа ја совлада Сампдорија и тоа на гости во Џенова.
„Росонерите“ поведоа со гол на Франк Кеси од белата точка во полседната минута од првиот дел откако Јакуб Јанкто играше со рака во сопствениот шестнаесетник.
Во 77. минута Милан го дуплираше водството откако Јенс хауге одлично се проби по левата страна, додаде до Анте Ребиќ кој потоа му сервираше на Саму Кастиљехо.
На осум минути пред крајот Сампдорија ја врати неизвесноста благодарение на голот со глава на Албин Екдал, но до крајот не успеа да израмни и да избегне пораз.
Ова е четврта победа за Милан сезонава без да го има во составот својот најдобар играч, ветеранот Златан Ибрахимовиќ, кој е повреден.
За Милан ова е осма победа сезонава по која со 26 бодови и натаму е прв со 5 бодиви предност пред Интер кој се проби на второто место со 21 бод. Следуваат Наполи и Јувентус со по 20 бодови.