УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Милевски го објави списокот на играчи за дуелите со Грузија и Бугарија

Филип Здравески
/ 13.09.2022 / 11:06

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благој Милевски, денеска го објави списокот на повикани играчи за претстојните два последни натпревари од Лигата на нации.

Фото: ФФМ

Македонија прво гостува кај Грузија на 23 септември, додека три дена подоцна дома против Бугарија ќе ја спушти завесата на третата сезона од ова натпреварување на УЕФА.

По тој повод Милевски објави список со 27 фудбалери, меѓу кои четворица голмани и еден дебитант - Агон Елези, кој игра како дефанзивен играч за врска во Хрватска. Има 21 година и досега настапуваше за младинските селекции. Повратник после 5 години е голманот Игор Алексовски, кој требаше да дебитира уште во ноември 2016 на гости кај Шпанија, но се повреди на загревањето, а потоа поради низа несреќни повреди беше далеку од репрезентацијата. Станува збор за голманот кој бранеше за Македонија на она историско младинско ЕУРО 2017 во Полска.

На списокот нема неколкумина. Давид Бабунски, Бобан Николов и Кире Ристевски бидејќи се без клуб, Ердал Ракип е повреден, додека Илија Несторовски има мала минутажа во Удинезе како резерва и веројатно затоа е изоставен, исто како е Томче Гроздановски. Изненадувачки е и што повторно повик не доби голманот Давид Митов Нилсон, иако брани редовно во најдобрата шведска лига.

Голмани: 
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Кристијан Наумовски - Шкупи
Игор Алексовски - Работнички

Одбрана: 
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Дарко Велковски - Ал-Етифак (Саудиска Арабија)
Висар Муслиу - Инглоштат 04 (Германија)
Езѓан Алиоски - Фенербахче (Турција)
Тодор Тодороски - Сумгај'т (Азербејџан)
Стефан Ашковски - Ламиа (Грција)
Никола Серафимов - МОЛ Види (Унгарија)
Ѓоко Зајков - Ворскла (Украина)
Бојан Димоски - Академија Пандев

Среден ред:
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Енис Барди - Трабзонспор (Турција)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)
Енис Фазлагиќ - Дунајска Стреда (Словачка)
Агон Елези - Вараждин (Хрватска)
Јани Атанасов - Хајдук (Хрватска)
Стефан Спировски - Пјуник (Ерменија)

Напад:
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Бојан Миовски - Абердин (Шкотска)
Дарко Чурлинов - Барнли (Англија)
Александар Трајковски - Ал-Фајха (Саудиска Арабија)
Валон Етеми - Истанбулспор (Турција)
Дориан Бабунски - Дебрецен (Унгарија)
Љупче Дориев - Шкендија

Собирот на репрезентацијата е закажан за понеделник, 19-ти, во 12 часот во хотелот Хилтон во Скопје.

Македонија теоретски сѐ уште има шанси за првото место, но клучен ќе биде првиот натпревар, оној со Грузија на гости, која е прва во групата и која во јуну нѐ победи среде Скопје со 3:0. Само првопласираниот ќе се пласира ранг погоре наредната сезона, во Лига Б.

Табела:

  1. Грузија 10
  2. Македонија 7
  3. Бугарија 3
  4. Гибралтар 1
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе