Мистериозна флота: И покрај санкциите Русија испорачува нафта низ светот

Џулиа Хоровиц (CNN); превод: Ф.З.
/ 02.03.2023 / 09:25

Руската нафта сè уште го наоѓа својот пат до клиентите ширум светот, па дури и оние што ги минуваат своите денови следејќи го нејзиното движење низ океаните се борат да утврдат кој точно ја транспортира.

Како што западните санкции против Русија ескалираа поради нејзината инвазија на Украина, повеќе бродови се приклучија на постојната флота на мистериозни танкери, подготвени да го олеснат извозот на руска нафта.

Упатените во индустријата ја проценуваат големината на таа флота во „сенка“ на приближно 600 бродови, или околу 10% од глобалниот број на големи танкери. А бројките и натаму растат.

Кој поседува и управува со многу од овие бродови останува мистерија.

Бидејќи трговијата со руска нафта стана посложена во изминатата година, многу западни транспортери ги повлекоа своите услуги. Влегоа нови, нејасни играчи, во некои случаи кои вклучуваат компании во Дубаи или Хонгконг. Некои купуваа бродови од Европејци, додека други обновуваа стари бродови кои инаку би можеле да завршат на отпад.

„Навлеговте подлабоко во мрачните уметности“, изјави за CNN висок извршен директор на компанија за трговија со нафта, мислејќи на непроѕирната мрежа.

Remote video URL

Флотата под радарот стана поважна бидејќи Москва се обидува да избегне да работи со западните транспортери и додека купувачите во Кина и Индија ги заменуваат оние во Европа, на кои сега им е забрането да купуваат руска нафта од море и рафинирани производи како што е дизелот. Испораките до далечните клиенти бараат дополнителни бродови и сопственици на бродови подготвени да се соочат со дополнителна сложеност и правен ризик, особено откако Г7 воведе ограничувања на цената на руската нафта.

Проширувањето на флотата во сенка ги нагласува драматичните промени што војната во Украина ги донесе на глобалниот пазар на нафта. Во обид да остане во живот, вториот по големина светски извозник на сурова нафта ги преобликува децениските стари обрасци на тргување и го подели енергетскиот систем во светот на два дела.

„Постои флота што не врши руска работа, а потоа постои флота која речиси исклучиво врши руска работа“, рече Ричард Метјус, шеф на истражување во EA Gibson, меѓународен посредник за бродски превоз. Само неколку бродови, додаде тој, прават „по малку од двете“.

Додека Европа се одвикна од руската енергија, купувачите во Азија ги намалија понудите. Кина го зголеми увозот на руска нафта на 1,9 милиони барели дневно во просек во 2022 година, што е за 19% повеќе од 2021 година, според Меѓународната агенција за енергетика. Индија го зголеми купувањето уште поостро, забележувајќи зголемување од 800% до просечни 900.000 барели дневно.

Извозот на руска нафта во Кина и Индија достигна рекордни нивоа во јануари откако стапи на сила европската забрана за руска нафта од морето, според Kpler, компанија за податоци и аналитика. Извозот во Турција, уште еден голем клиент, исто така продолжи да расте.

За исполнување на овие наредби се потребни бродови способни за патување. Руската национална флота нема доволно бродови. Таму влегува „флотата во сенка“.

Метју Рајт, висок аналитичар за карго сообраќај во Kpler, вели дека бродовите што носат руска нафта спаѓаат во две категории: „Сиви бродови“ и „Темни бродови“.

Сивите бродови користени од инвазијата главно се во сопственост на Европа со компании од Блискиот Исток и Азија кои претходно не биле активни на пазарот на танкери. Темните бродови, од друга страна, се ветерани на кампањата на Иран и Венецуела за избегнување на западните санкции кои неодамна се префрлија на носење руска сурова нафта.

„Често има некои докази дека тие ги прикривале своите активности со исклучување на нивниот AIS транспондер“, рече Рајт за „темните“ бродови, мислејќи на технологијата што помага да се идентификуваат и лоцираат бродовите.

Додека западните земји го забранија најголемиот дел од увозот на руска нафта, не постојат правила кои ги спречуваат западните бродови да испорачуваат до купувачите како Кина и Индија или да обезбедуваат услуги како осигурување - сѐ додека се почитуваат ограничувањата на цените на Г7. Бродовите со европски сопственици учествуваа со 36% од руската трговија со нафта во јануари, според Kpler, пренесува CNN.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе