BMW го лансираше новиот мотоцикл R 1250 RT за 2021 година.
Баварците подготвија малку подолг список на новитети, а целта им беше на купувачите повеќекратно да им се исплати купувањето на овој Grand Tourer.
Како што изјави Харалд Шпагл, проект-менаџерот на минхенскиот гигант:
„Нашиот нов R 1250 RT има потполно нов изглед, значително зголемување на стандардната опрема и бројни технички иновации кои на возачите ќе им дадат целосно ново искуство. Како динамичен турер со извонреден агрегат BMW ShiftCam, новиот R 1250 RT може да се пофали со импресивна моќност.“
Списокот на новитети во R 1250 RT вклучува:
- Нов преден оклоп со оптимизирана аеродинамика;
- Нов LED фар како дел од стандардната опрема (адаптивните индикатори за промена на насоката се достапни како опција);
- Нова 10,25-инчна мултифункционална TFT инструмент-табла;
- BMW ABS Pro како дел од стандардната опрема;
- Три режими на возење (вклучително и режимот „Еко“);
- Про режими на возење + MSR контрола на вртежниот момент ;
- Динамична контрола на лизгање (DTC) како дел од стандардната опрема;
- Динамична ESA електронска суспензија од „следната генерација“;
- Hill Start Control Pro (HSC Pro) систем со дополнителни опции;
- Нов аудио систем од втора генерација (како дополнителна опција).