Лука Модриќ синоќа го освои 19 трофеј во дресот на Реал Мадрид, а како награда за одличната сезона доби продолжение на договорот.
Модриќ ќе остане во Реал Мадрид барем уште една сезона. Новинарот Фабрицио Романо пишува дека играчот од средниот ред потпишал договор до 2023 година.
Според пишувањето на Marca, платата на Хрватот според новиот договор ќе биде иста како и досега.
За да се договори со Модриќ за продолжување на соработката, управата на Реал Мадрид имала само еден разговор со него. Лука е во Реал Мадрид од 2012 година. Со клубот освои 19 трофеи.