Мрачната страна на карневалот во Рио за која сите молчат

Традиционалниот карневал во Рио започна на 2 и ќе трае до 17 февруари. Тоа означува враќање на добро познатиот настан кој некои го слават, а други го критикуваат.

Минатата година карневалот се врати на старите патеки по двегодишна пауза поради пандемијата на COVID-19. Фестивалот не се организираше во 2020 и 2021 година, а во 2022 година беше ограничен само на локалните жители со одредени правила. Тогаш се славеше и победата на Луис Инасио Лула да Силва од Работничката партија на претседателските избори во 2022 година над Жаир Болсонаро.

Настанот продолжи со крајно провокативни костими и танчерки кои во јавноста излегоа со откриени гради. Опишан како „карневал на животот и слободата“, собра десетици милиони луѓе и беше организиран во Ел Салвадор, Ресифе и Саун Пауло.

Сепак, танчерките се соочија со предрасуди и навреди, а честопати се и сексуализирани. Вивиен Мораис Ферејра Гимараис, улична продавачка на брза храна и танчерка од училиштето Unidos do Porto da Pedra, изјави дека биле изложени на навреди и предрасуди, а некои дури им нуделе и проституција.

Рајане да Силва Ферејра, танчерка од училиштето за самба Acadêmicos do Salgueiro, изрази загриженост за прекумерната сексуализација на танчерките на карневалот, наведувајќи дека тие често се подложени на малтретирање. Фернанда Флоренчину, претставник на неколку школи за танц, истакна дека сексуалното вознемирување на танчерите не е ограничено само на карневалски изведби.

Покрај тоа, семејниот живот на самба танчерите е често комплициран, како во случајот со Рајана, која се разведе по несогласувањата со нејзиниот сопруг и неговото погрешно разбирање за нејзината љубов кон карневалското танцување.

Д-р Розане Боржис, професорка по новинарство на Универзитетот во Саун Пауло, укажа на сексуализацијата на жените на карневалот, посочувајќи дека во бразилското општество постои расна дискриминација на танчерките. Пред неколку години, карневалот беше проследен со голем број случаи на расизам, сексизам, хомофобија и насилство врз жените, за што придонесе и зголемувањето на насилството од 2015 година.

И покрај овие проблеми, карневалот во Рио продолжува да привлекува внимание, фокусирајќи се на танцот, веселбата и женските облини, додека посериозните теми често се занемаруваат во медиумските извештаи.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе