Мурињо: Кејн мора да игра против Лејтон Ориент и Шкендија

Тотенхем го чека набилдан распоред недела-вторник-четврток-недела, а Жозе Мурињо сака својот најдобриот играч да игра дури и против најслабите противници.

Португалскиот стратег очекува бункер од страна на четвртолигашот Лејтон Ориент вечерва во Лига Купот како и од нашата Шкендија в четврток во Лига Европа. За пробивање на такви бункери му е потребен искусен и добар голгетер, а тоа е Хари Кејн.

„Во принцип, Хари мора да игра. Особено на вакви натпревари против екипи кои во теорија се инфериорни, екипи кои ќе играат дефанзивно, ни треба голгетер. Сакам Хари да игра, но да видиме дали ќе може, ако се чувствува подготвено“, објаснува Мурињо.

Кејн постигна 2 гола на последните два натпревара, но забележа 4 асистенции, сите за Сон Хјон-мин во неделната победа од 5:2 над Саутемптон.

„Тој е искусен играч, си го познава телото подобро од било кој спортски научник или лекар. Доколку е подготвен за игра, тогаш се разбира дека ќе игра“.

Се очекува сепак вечерва Тотенхем да настапи во комбиниран состав со тоа што шанса ќе добијат голманот Џо Харт, кој ќе дебитира, потоа Серж Орје, Муса Сисоко, Тоби Алдервејрелд и Ерик Ламела од првата минута

Не се очекува новаците Серхио Регилон и Гарет Бејл да бидат во комбинација за овие два натпревара против инфериорните екипи.

„Не знам кога Гарет ќе може да игра. Она што го знам е дека мотивацијата му е висока, среќен е што е во клубот кој му е во срце, многу е среќен што ќе игра со нас, а кога играч има таква мотивација, тогаш периодот за опоравување може многу, многу да се скрати и играчот многу побрзо да се врати во ритам“, вели Мурињо.

Натпреварот со Лејтон Ориент на гости е денеска од 19 часот, додека в четврток од 20 часот Тотенхем игра во Скопје против Шкендија.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе