Мурињо: Повредата на Дибала изгледа лошо, не сум оптимист за финалето

Филип Здравески
/ 23.05.2023 / 09:52

Тренерот на Рома стравува дека аргентинскиот ас нема да биде во можност да му помогне на тимот во финалето од Лига Европа.

Полека наближува 31 мај, денот кога Рома втора сезона по ред ќе игра европско финале - овој пат во Лига Европа. Жозе Мурињо сака втор трофеј со „Волчицата“, но на патот кон реализација на тоа нешто, освен Севиља, сега стои и повредата на Пауло Дибала.

Дибала веќе месец дена се мачи со повреда на глуждот поради што играше малку, а синоќа воопшто не беше во тимот против Салернитана и не им помогна на соиграчите кои киксираа играјќи 2:2. Повредата ја здоби на 24 април играјќи поротив Аталанта и оттогаш настапи на само два натпревара, против Интер во Серија А и против Баер Леверкузен во полуфиналето од Лига Европа, на двата влегувајќи како резерва.

Популарниот Ла Хожа го мачи повреда на глуждот која никако да ја излечи. Сигурно е дека Дибала и лекарскиот тим на Рома ќе направат сѐ за да го опорават за финалето, но Жозе Мурињо не е воопшто оптимист.

„Како е Пауло? Лошо, не знам како ќе биде по десет дена. Дали сум оптимист? Не“, кратко одговори Португалецот на прашањето на DAZN за здравствената состојба на Дибала.

Навивачите на Рома се оптимисти бидејќи сметаат дека Мурињо блефира.

В сабота Рома игра против Фиорентина, па ќе видиме дали воопшто Дибала ќе биде во составот, барем на клупата за резерви.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе