ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

На 22 јули Ливерпул ќе го добие пехарот од Премиер лигата

Долго очекуваниот момент за играчите и навивачите на „Црвените“ ќе се случи на нивниот последен домашен натпревар сезонава, открива Goal.

Иако Ливерпул ја освои титулата уште на 25 јуни кога Манчестер Сити загуби од Челси, сепак уште го чека примопредавањето на драгоцениот пехар.

Тоа ќе се случи на нивниот последен натпревар на „Енфилд“ кога играат против Челси, натпревар кој првично беше закажан за 18 јули, но поради настапот на „Сините“ во полуфиналето од ФА Купот беше поместен за четири дена.

Нормално, на стадионот нема да има публика, па капитенот Џордан Хендерсон ќе го подигне пехарот пред празни трибини. Сепак, клубот планира да направи некаква церемонија, а во планирањето се вклучени и играчите, како и легендарниот Кени Далглиш.

Во Англија традиционално клубот победник одржува парада низ градот шетајќи го пехарот. Но, со оглед на здравствените препораки, малку веројатно е дека тоа ќе се случи во Ливерпул. И да нема парада, тешко е за верување дека навивачите на „Црвените“ нема да излезат на улиците на градот и да го прослават она кое цели 30 години со душа го чекаа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе