На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, силденафил цитат упс и сибутрамин, кои се штетни за здравјето на граѓаните.

Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства, односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење ваков вид дејност.

По вештачењето, утврдено е дека медикаментите сибутрамин се супстанција што се наоѓа на националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанции и таа претставува стимуланс на централниот нервен систем. Уште повеќе, утврдено е дека таа предизвикува појава на срцеви и мозочни удари поради што медикаментите што содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година.

Медикаментите силденафил цитат упс (вијагра), пак, претставуваат супстанција што влегува во состав на медикаменти за лекување и таа подлежи на контролирана продажба.

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, при што против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

реклама

Хроника

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Read more

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Read more

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Read more

Прегазена малолетничка во Струшко: Ја удрил со мотоцикл и побегнал

Read more
 

Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Читај повеќе
  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Читај повеќе

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Читај повеќе

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Читај повеќе

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Читај повеќе

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Читај повеќе

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Читај повеќе