Најчестите изговори што ве делат од фит телото што го посакувате

А.С.
/ 21.03.2022 / 10:46

Не дозволувајте ништо да ве спречи да вежбате и да го изградите телото од вашите соништа.

Обично фитнес одлуките се носат на почетокот на годината или на почетокот на пролетта, па со голем ентузијазам и еуфорија тргнуваме да вежбаме. За жал, многумина се откажуваат уште пред да заврши јануари, во февруари одмараат, а во март веќе не се сеќаваат дека некогаш биле во теретана. И после доаѓа „пролетното будење“ и пак се враќаме на ветувањата дека „од утре“ ќе почнеме со редовно вежбање.

Ако сте навистина решени да водите поздрав живот и да набилдате тело какво што секогаш сте сонувале, време е да ги оставите детските изговори настрана и да донесете одлука како возрасна личност дека редовно ќе одите во теретана или ќе вежбате на секој друг можен начин.

Ова се изговорите што најчесто си ги кажуваме за да скокнеме ден, месец, година во теретана:

„Знаеш колку работа имам денеска? Кој има време за теретана?“

Ако имате доволно простор и 10-15 минути на располагање, тоа е сѐ што ви е потребно за добар тренинг со тегови. А сигурно имате толку време во денот. Експертите велат дека краток, интензивен тренинг од 10 минути е доволен за да има позитивно дејство на здравствената состојба и формата, а исто така луѓето повеќе уживаат во кратки, интензивни тренинзи отколку во долги умерени вежбања. Можете, само треба да се организирате (земете си тегови во канцеларија или одредете си време и место за вежбање дома).

Ако теговите не се опција, правете вежби дома или во канцеларија.

„Немам пари за теретана“

Знаеме дека економската ситуација не е баш сјајна и можеби немате пари да уплатите членарина. Но, секогаш има други, бесплатни начини за вежбање (трчање, правење склекови, скокови, стомачни...) за кои навистина немате изговор (освен дека сте мрза!) Исто така, не ви треба фенси опрема за вежбање, ви треба само волја. Постепено, ќе научите да ја пресметувате членарината за теретана во вашите месечни трошоци. На крајот на краиштата, можеби не сте тип за во теретана, вежбајте кај сакате, само вежбајте.

„Немам мотивација за вежбање“

Зошто? Бидете искрени со себе. Дали е тоа изговор што си го давате себе или на другите за да се оправдате зошто веќе трет ден „скокате“ тренинг? Нивото на мотивација може да варира, но тоа не значи дека мора пред секој тренинг да бидете еуфорично нестрпливи да почнете со вежбање. Некогаш е тешко само да станете од кауч и да облечете патики, но дисциплината и структурата што ги дава редовното вежбање позитивно ќе се одразат на многу аспекти на вашиот живот, не само на формата и здравјето. Колку и да не ви е денот, замислете како ќе изгледате за 3,6, 9, 12 месеци од сега, ако станете денес, и утре, и задутре...

„Имам повредено рамо/колено/мало прсте од левата рака“

Повреда поради која не може да се занимавате (барем рекреативно) со омилениот спорт или сте ограничени на одредени вежби, не е причина за целосно да се откажете од вежбањето. Исто така, правете разлика меѓу сериозна повреда за која лекар во препорачал да одбегнувате одредени движења, и минливи болки и лесни повреди што само ги користите како изговор. Добро е да направите комбинација со масажи, јога вежби и вежби со физиотерапевт во вашата рутина на вежбање за да постигнете максимален ефект.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе