Најголемата утка на Netflix: 99% од корисниците не ги ни пробале игриците

И покрај одличните наслови и пристапот без дополнителни трошоци, претплатниците не се заинтересирани за понудата на игрици на Netflix.

По одличните резултати кои Netflix ги забележа за време на пандемијата, годинава дојде до отрезнување, односно пад на бројот на претплатници - за прв пат. Netflix уште пред актуелната криза многу размислуваше за некои новитети кои ќе ги задржат корисниците и откако ќе помине првичниот ентузијазам за одредена серија или филм.

Еден од тие новитети е влезот на пазарот на видео игри, а компанијата ги издвои TikTok и Epic Games како главни конкуренти за слободното време на корисниците. Првите игрици станаа достапни за корисниците во ноември минатата година, а сега нивниот број порасна на 24 наслови. Netflix планира да го удвои тој број, да го зголеми ангажманот и бројот на гејмери, бидејќи сегашните бројки не се охрабрувачки.

Поточно, споредено со вкупниот број на претплатници (околу 221 милион), уделот на оние кои играат игрици преку оваа платформа е помал од 1%. Досега понудените игрици се преземени нешто повеќе од 23 милиони пати, а просечниот број на дневни корисници е 1,7 милиони.

Netflix е свесен за овие податоци, а извршниот оперативен директор на компанијата, Грег Питерс, минатата година изјави дека се години далеку од моментот кога ќе имаат поголемо значење на пазарот, односно кога игриците, а не само сериите и филмовите, ќе ги привлече и ќе ги задржи корисниците на платформата.

Меѓу примерите на вакви игрици со кои сакаат да привлечат и задржат корисници е „Stranger Things“, која е веќе достапна, додека игрицата „Queen's Gambit Chess“, базирана на многу популарната серија која беше голем хит на овој сервис пред две години, исто така наскоро ќе пристигне.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе