Печените компири на многумина им се омилен додаток на различни јадења, а Џејми Оливер откри како да ги направите совршено крцкави.

Рецептот на Џејми може да биде доволен како прилог за 10 луѓе, а тој откри кои детали при подготовката се пресудни за да се добие најкрцкавата верзија.
„Колку и да се едноставни печените компири, има неколку мали, но важни детали што ги собрав во текот на мојата готвачка кариера. Кога ќе се комбинираат, тие ви го даваат овој врвен рецепт, кој верувам дека создава совршен печен компир. Каков луксуз!“, напиша Оливер опишувајќи го овој рецепт.
Потребни состојки:
- 2,5 кг компири (средно големи)
- 4 лажици несолен путер
- маслиново масло
- 1 главица лук
- половина сноп свежа жалфија
- сол
- бибер
Подготовка:
Започнете со лупење на компирите, исечете ги на рамномерни парчиња за да можете да обезбедите рамномерно готвење.
Варете ги во тенџере со зовриена посолена вода околу 15 минути, што ќе помогне внатрешноста да стане мазна. Исцедете ги во цедалка и оставете ги да се исушат 2 минути.
Потоа Џејми препорачува да се протресе цедалката неколку пати што ќе им помогне да станат супер крцкави во рерната. Во голем плех ставете го путерот и една лажица масло и додадете ги компирите, посолете и малку побиберете. Ставете ги да бидат рамномерно обложени и распоредени во рамномерен слој, внимавајќи да има мали празнини меѓу нив.
Потоа покријте ги и оставете ги во фрижидер преку ноќ. На денот на печењето започнете со загревање на рерната на 180 степени, па изгмечете го лукот и додадете го во тавата. Според Џејми, лукот ќе им даде посебен вкус на компирите.
Печете еден час или додека компирите не станат крцкави и златни пред да ги извадите од рерна. Секој компир нежно испасирајте го на половина. Потоа земете листови жалфија и покријте ги со малку масло. Посипете жалфија врз компирите и печете уште 20 до 25 минути.